Итна медицинска помош

Граѓаните на мака од променливо време

25.05.2024 16:01

Променливото време им направи проблем на граѓаните. Зголемен е бројот на повици во брзата помош. Денеска се интервенирало кај повозрасни луѓе на кои им се слошило во автобус, има и млади со мозочни удари...

Граѓаните побрзаа да го искористат сончевото време, бидејќи попладневните часови се како резервирани за дождовните облаци. Мај не бил ваков променлив, климата е променета во изминативе 10 години, вели седумдесет и деветгодишниот Симе Костадиновски.

Симе им пркоси на метеоролошките промени, но, за жал, многу млади се засегнати од температурните разлики, вели доктор Марина Сотировска. Мозочни удари причина да се бара Итна медицинска помош.

Внимавајте на здравјето, бидејќи метеоролозите не очекуваат стабилизација на времето. Наредните денови температурата ќе се движи од 21 до 28, но ќе има и поројни дождови и град.

Облачното време и дождот не смеат да бидат причина за лошо расположение или одлагање на обврските, вели нашиот соговорник од почетокот на прилогот, кој смело гази во осмата деценија од животот.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски