Водоснабдување

Водата во Куманово сè уште не е за пиење

25.05.2024 16:46

Жителите на Куманово трет ден купуваат вода за пиење. Таму се утврди заматеност на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион...

A жителите на Куманово трет ден купуваат вода за пиење. Таму се утврди заматеност на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Водоснабдувањето е нормализирано и водата се користи како техничка.

Општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок, препорача дека водата не смее да се консумира без термичка обработка, односно превривање.