Македонија

Мицотакис со ново предупредување до земјава

25.05.2024 17:47

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со нова порака до земјава. Тој во интервју за весникот „Та неа“, од кое делови пренесува агенцијата Миа, вели дека европскиот пат на земјава поминува низ Грција и оти патот може да остане затворен...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со нова порака до земјава. Тој во интервју за весникот „Та неа“, од кое делови пренесува агенцијата Миа, вели дека европскиот пат на земјава поминува низ Грција и оти патот може да остане затворен, во случај да не се почитува преспанскиот договор.

„Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако некој отстапува од договорениот тек, треба да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Патот поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, вели Мицотакис во интервјуто.

Тој и вчера во грчкиот Парламент рече дека нема да ги ратификуваат меморандумите додека не бидат сигурни дека ќе се почитува договорот од Преспа.