Хрватска

Едно лице загинало, а повредени се четворица патници во несреќа во Хрватска

25.05.2024 19:55

Според хрватската шумска служба за спасување, во несреќата едно лице загинало, а повредени се четворица патници. Во авионот имало пет лица. Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата добила дојава за авионската несреќа во 15 часот и 51 минути...

Мал спортски авион попладнево се урнал во шума во околина на Загреб, пренесува хрватски Индекс.

Според хрватската шумска служба за спасување, во несреќата едно лице загинало, а повредени се четворица патници. Во авионот имало пет лица. Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата добила дојава за авионската несреќа во 15 часот и 51 минути. На повредените им била пружена медицинска помош, а местото на несреќата е обезбедено, информираат од полициската управа во Загреб. Според неофицијални информации, се работи за спортски авион „Цесна“ со унгарски регистарски таблички.

На терен веднаш биле испратени припадници на државната интервентна единица за цивилна заштита на Загреб, екипи на полицијата, како и екипи на Итна медицинска помош и пожарникари. На несреќата дошол и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој посочил дека повредените се згрижени и нивните животи не се во опасност.