ОЈО

ОЈО отвори истрага за затворените хируршки сали на клинички

25.05.2024 21:19

По собраните искази и докази Обвинителството ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого...

Обвинителството истражува зошто веќе една недела се затворени хируршките сали на клинички. Првите информации се дека се ширел непријатен мирис, а од Министерството за здравство посочиле на проблеми со функционирање на вентилацискиот систем. Предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.

По собраните искази и докази Обвинителството ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого.