парламентарни избори

ДИК до најдоцна утре треба да донесе одлука по приговорот од Европскиот фронт

26.05.2024 09:11

Државната изборна комисија најдоцна утре до 19 часот треба да донесе одлука по приговорот поднесен од Европскиот фронт за прегласувањето во селото Ларце во Желино...

Државната изборна комисија најдоцна утре до 19 часот треба да донесе одлука по приговорот поднесен од Европскиот фронт за прегласувањето во селото Ларце во Желино. Коалицијата предводена од ДУИ во шестата изборна единица загуби еден пратеник на сметка на „Вреди“.

Доколку приговорот биде одбиен, постои законска можност да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, кој пак треба да пресече за 48 часа, дали ќе ја прифати или ќе ја одбие. Одлуката е конечна.