Македонија

Гром го остави без струја синоќа дебарско-струшкиот регион

26.05.2024 09:21

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар...

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар.

„Главната трафостаница во ХЕ „Шпиље“ погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот“, велат од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.