ОБНОВЕНО: Пожар во фабриката „Виго 48“ во Битола, се стравува од експлозија

26.06.2014 15:51

Веќе два часа гори фабриката за кекси и вафли „Виго 48“ во Битола. Според  информации на МРТ фабриката се уште гори, а на терен веќе се противпожарните служби.

Пожарот кој избувнал околу 13 часот и 45 минути, најпво се појавил кај оџакот на фабриката и забрзано почнал да се шири на кровната контрукција.

Како што пренесува дописникот на МРТ од Битола, вработените од првата смена во фабриката се евакуирани и нема повредени.

Од фабриката велат дека се доцнело со интервенција на противпожарната единица.

Пожарот сеуште беснее и е изгорена повеќе од половина од кровната контрукција.

Според вработените, дополнителен страв влева тоа што позади фабриката постои боца со големи количини на плин и се стравува од евентуална експлозија. 

Фабриката „Виго 48“ која под ова име е рестартирана во 2007 година,  има долгогодишна традиција започнувајќи од 1948-та како Прогрес – Битола.

Повеќе информации за состојбата во фабриката се очекуваат подоцна.