Литванија
Втор круг претседателски избори во Литванија
26.05.2024 11:34
Литванците денеска избираат нов лидер на земјата во вториот круг од претседателските избори...

Литванците денеска избираат нов лидер на земјата во вториот круг од претседателските избори. Во трка се двајца кандидати-актуелниот претседател Гитанас Наузеда кој е фаворит за освојување на уште еден петгодишен мандат, откако во првиот круг освои 44 насто од гласовите, наспроти неговата противкандидатка-премиерката Ингрида Симоните, која доби 20 проценти од гласачките ливчиња.
И двајцата кандидати се согласуваат дека членката на НАТО и ЕУ од 2,8 милиони треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да се спротивстави на Русија.
