Индија

Седум доенчиња починаа поради вдишување чад при пожар во Индија

26.05.2024 11:41

Седум доенчиња починаа поради вдишување чад при пожар кој избувнал во Центар за бебиња во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Седум доенчиња починаа поради вдишување чад при пожар кој избувнал во Центар за бебиња во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Иако спасувачите успеале да ги пренесат сите 12 бебиња во блиската болница, седум од нив не успеале да преживеат. причината за пожарот се истражува. Само неколку часа претходно загинаа 27 лица во голем пожар во преполн забавен парк во западна Индија.

Пожарите се вообичаени во Индија, каде градежниците и жителите често ги прекршуваат градежните закони и безбедносните кодекси.