Економија

Стагнира економијата во изборните години

26.05.2024 12:56

Светската банка прогнозира зголемување на економската активност во земјите на Западен балкан. Проектираниот економски раст на Македонија е до 2,5 насто. Мицкоски најави раст на економијата до 5 насто во наредните години. До крајот на оваа година економистите не очекуваат позитивно придвижување на македонската економија...

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,7 отсто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд. Проекциите за наредната година се пораст од 3.7 насто. Христијан Мицкоски како иден мандатар најави економски раст од пет проценти во наредните години со промена на концептот за раст – од поттикнување на потрошувачката во поттикнување на инвестициите. Ветувањата на Мицкоски се остварливи, вели професор Дарко Лазаров.

Негативно влијание врз економијата кај нас имаат и изборните процеси. Позитивни придвижувања може да се очекуваат за неколку месеци.

Во извештајот на Светската банка, стои дека Македонија е со најнизок економски раст во регионот на Западен Балкан. Растот на БДП минатата година бил само еден насто, а за годинава проекциите на Светската банка се дека ќе расте до 2,5 проценти.

 

Славица Величковска