Водовод

Клинички, „Козле“, Водно и Сарај од утрово добија вода

26.05.2024 13:05

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и детската болница „Козле“, како и Вила Водно и резиденцијалните објекти на овој потег од 7 часот утрово повторно имаат питка вода. Водоснабдувањето беше прекинато заради реконструкцијата на водоводната мрежа...

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и детската болница „Козле“, како и Вила Водно и резиденцијалните објекти на овој потег од 7 часот утрово повторно имаат питка вода. Водоснабдувањето беше прекинато заради реконструкцијата на водоводната мрежа од страна на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

И Сарај се најде на мапата за интервенции, за 12 населени места да го решат проблемот со водоснабдувањето. Целта на замената на старата со нова мрежа е да нема дефекти и загуби на вода.

Цистерните патролираа на терен од синоќа од 21 часот до утрово до кога целосно не беше пуштена вода.