Тутун

Времето најавува добра година за тутунот

26.05.2024 13:14

Временските услови најавуваат добра година за тутунопроизводството сметаат од Државниот земјоделски инспекторат. Склучените договори и очекуваното производство се на ланското ниво...

Во екот на расадувањето на тутунот, надлежните сметаат дека годинава е добра за производството на оваа стратешка индустриска култура која на државата ѝ обезбедува преку 100 милиона евра девизен прилив. Од Државниот земјоделски инспекторат велат дека со 30.000 склучени договори и околу 26.500 тони, очекуваното тутунопроизводство е на ланското ниво, но условите се подобри.

Тутунарите сакаат промена на законот за тутун за да бидат рамноправни, а не подредени во односот со откупувачите. Периодот на транзиција на власта ги забавува активностите. Процесот на средби меѓу засегнатите страни е започнат.

Ланската реколта тутунарите ја сметаа една од најлошите, особено поради односот на откупувачите.

 

Елизабета Митреска