Дарувајте стар компјутер на социјално загрозените
Идејата е на членките на информатичката комора кои увиделе дека многу јавни и приватни фирми следјќи ги најновите комјутерски трендови, брзо ја менуваат опремата која потоа стои складирана во магацините...

Компјутери донирани од државните институции компании и граганите ќе добијат социјално загрозените семејства. Користена информатичка опрема репарирана, со инсталиран оперативен систем ќе им биде подарена.
Идејата е на членките на информатичката комора кои увиделе дека многу јавни и приватни фирми следјќи ги најновите комјутерски трендови, брзо ја менуваат опремата која потоа стои складирана во магацините.
„Сакам да потенцирам дека ние нема да го собереме сега отпадот од компаниите, туку напротив ќе ги употребиме само оние компјутери кои може да се искористат и за кои стручните лица од нашите компании ќе проценат дека се во употреблива состојба. Со соодветна репарација компаниите членки на ИКТ ќе влезат во еден инвестициски циклус, со кој одредени амортизрани делови ќе ги заменат и ќе ги доведат во исправна состојба“, посочува Саша Огненовски, претседател на ИКТ комората.
Поттикната од владата и приватниот сектор акцијататреба да помогне да им помогне на оние
„Сите граѓани кои се заинтересирани за оваа опрема ќе може да се пријават на веб страницата, доколку немаат интернет треба да ги искорист интернет клубовите на МИОА низ градовите во државава или пак да се обратат до институците на Министерството за труд и социјална политика и да пополнат формулари“, вели Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
Првите донирани комјутери се очекува да бидат доделени почетоткот на септември ..
Во светот има четири милијаради корисници кои сеуште немаат интернет пристап , во Македонија расте бројот на претплатници. Според подтаоците на АЕК речиси 340 илјади користат широкопојасен интернет, за 8,39 повеќе од 2012- тата. Преку мобилната мрежа има над 801 илјада корисници.
Сузана Фиданска- Стоевска
