Политика

Финишираат преговорите за нова Влада

26.05.2024 14:29

Се појасна е сликата за новиот владин состав. Интензивни разговори со сите потенцијални коалициски партнери, Преговарачките страни имаат рок најдоцна до 20-ти јуни да го формираат владиниот состав...

Првата средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Максим Димитриевски. Се разговарало за стратешките определби, политичките начела и платформата за соработка.

„Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин, потоа република Македонија, држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција, Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи“, се вели во соопштението на ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ задоволни со текот на преговорите.

Во однос на преговорите со коалицијата ВРЕДИ, работите се појасни. Утре нова средба на работните групи. Преговорите се во напредна фаза велат од партијата на Мицкоски. Освен за министерските, паралелно се разговара и за распределбата на позициите во третиот ешалон. Се внимава на квалитетот на персоналните решенија.

Преговарачките страни имаат рок најдоцна до 20-ти јуни да го формираат владиниот состав.

А, Државната изборна комисија најдоцна утре до 19 часот треба да донесе одлука по приговорот поднесен од Европскиот фронт. Доколку приговорот биде одбиен, постои законска можност да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, кој пак треба конечната одлука да ја донесе за 48 часа.

Во вторник е закажана конститутивната собраниска седница со новиот пратенички состав. 118 избрани пратеници ги добија сертификатите.

 

Марина Стојанова-Тонева