Спасувачка акција

Спасени залутани излетници

26.05.2024 15:06

Опасна акција со среќен крај, тројца возрасни и едно дете спасени, откако залутале меѓу селото Кожле и Велес. Прошетката во природа станала кошмар, откако навигацијата ги однела на непристапен терен...

Навидум обична прошетка којашто требало да трае два часа, заврши со спасувачка операција. „Стојков мост“ и црквата „Мала Богородица“, во село Кожле биле целта на патувањето на Александра Спировска и членовите на нејзиното семејство. Со автомобил стигнале до Кожле, потоа продолжиле пеш. Од еден жител на селото биле предупредени дека вегетацијата е порасната и маркацијата не се гледала, но тие стигнале до точка каде што веќе немало и решиле да ги следат насоките на телефонот, ЏПС локацијата.

Им рекла брзо да реагираат за да не ги стемни, бидејќи како искусен планинар, Александра знае до кога смее да се остане на планина.

Спасувачите им се јавиле во 21 часот и им рекле дека за половина час ќе стигнат, но не стигнале, стигнале дури по полноќ. За жал спасувачката мисија имале многу препреки.

Прошетка на мост и во црква, Александра и нејзиното семејство ќе го паметат засекогаш. Голема благодарност изрази за несебичноста и храброста на сите кои учествуваа во акцијата.

 

Наташа Јанчиќ Менковски