Здравство

Да се подигне свеста за менаџирање со дијабетес

26.05.2024 16:22

125.000 лица во државата се регистрирани со дијабетес, а од нив 44.000 се на инсулинска терапија. Тип 1 има околу 4.500 со цел рушење на стереотипите, подигање на свесноста дека шеќерот почесто треба да се контролира, Сојузот на дијабетичари почна проект за модерен третман на лицата со тип еден дијабет...

Без никакви симптоми, петтоодделенката Јана Костадинова веќе една година е дијабетичар тип еден. Открила сосема случајно нејзината баба, која си правела проверка на шеќерот, па измерила и кај Јана дијабет 30.

Институциите не секогаш се достапни – вели нејзиниот татко Костадин Костадинов. Бесплатните сензори, кои треба да траат 14 дена, функционални се само 3-4 дена, а потоа ги купуваат приватно и месечно ги чинат 100 евра.

Со цел рушење на стереотипите, подигање на свесноста дека шеќерот почесто треба да се контролира, Сојузот на дијабетичари почна проект за модерен третман на лицата со тип еден дијабет.

125.000 лица во државата се регистрирани со дијабетес, а од нив 44.000 се на инсулинска терапија. Тип 1 има околу 4.500.

 

Александра Велинова