Турбуленции

12 патници се повредени, поради силни турбуленции на летот од Доха кон Даблин

26.05.2024 17:32

Од аеродромот во Даблин тамошни извори наведуваат дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди за време на летот на авионот на „Катар ервејс“, кој на крај сепак безбедно слетал на распоредот нешто пред 13 часот денеска...

Дванаесет патници се повредени за време на турбуленциите на летот кој од Доха патувал за Даблин, пишува „Индипендент“ (Independent).

Од аеродромот во Даблин тамошни извори наведуваат дека шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди за време на летот на авионот на Катар ервејс, кој на крај сепак безбедно слетал на распоредот нешто пред 13 часот денеска. Тимот на аеродромот во Даблин продолжува да обезбедува целосна помош на теренот за патниците и персоналот на авиокомпанијата, се вели во соопштението.

Последниот ваков тип на инцидент, пишува „Индипендент“, се случи пред неколку дена откако Британец загина на лет од лондонскиот аеродром Хитроу до Сингапур за време на исклучително турбулентен лет.