Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

27.05.2024 08:04

Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи...

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер.