За утре закажана конститутивна седница на Собранието
Оваа прва седница на новоизбраните пратеници може да трае до три дена, по што се врши и избор на претседател на Собранието...

За утре е закажана конститутивната седница на Собранието на која ќе се верификуваат мандатите на новиот собраниски состав. Оваа прва седница на новоизбраните пратеници може да трае до три дена, по што се врши и избор на претседател на Собранието. На тој начин се исцртува и новото мнозинство во Собранието, за што се потребни 61 пратеник од вкупно 120 пратенички мандати.
По прегласувањето на дел од избирачките места, Државната изборна комисија ги објави и првичните променети резултати, според кои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, „Влен“ има 14 пратеници, СДСМ со 18 мандати и коалицијата предводена од ДУИ исто така 18 мандати. ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица имаат по 6 пратенички мандати.
