Пожар во фабриката „Виго 48“ во Битола

26.06.2014 15:22

Пред помалку од еден час избувнал пожар во фабриката за кекси и вафли „Виго 48“ во Битола.

Според  информации на МРТ фабриката се уште гори, а на терен веќе се противпожарните служби.

Фабриката „Виго 48“ која под ова име е рестартирана во 2007 година, всушност има долгогодишна традиција започнувајќи од 1948-мата како Прогрес – Битола, потоа како Краш – Прогрес; па Моликекс.

Повеќе информации за состојбата во фабриката се очекуваат подоцна.