дик
ДИК денеска ќе одлучува по приговорот од коалцијата „Европски фронт“
27.05.2024 08:26
Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце, во општина Желино...

Државната изборна комисија најдоцна денеска до 19 часот треба да донесе одлука за приговорот поднесен од коалицијата „Европски фронт“. Доколку приговорот биде одбиен, постои законска можност за поднесување тужба до Управниот суд во рок од 24 часа, кој, пак, треба конечната одлука да ја донесе за 48 часа. Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на изборното место 2101 во село Ларце, во општина Желино.
Со прегласувањето на ова избирачко место, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ изгуби едно пратеничко место, а едно повеќе доби коалицијата „Влен“.
