Израел продолжува со битките во Рафах
Според Тел Авив милитантната група држи во заложништво 125 луѓе...

Хамас избра да ја продолжи оваа војна со тоа што одбива да ги ослободи нашите заложници и продолжува да го напаѓа Израел, тврдат од израелската армија. Според Тел Авив милитантната група држи во заложништво 125 луѓе. Хамас вчера истрела ракети од Газа кои ги активираа сирените за воздушен напад до Тел Авив за прв пат по неколку месеци. Дел од нив беа пресретнати.
„Хамас ги лансираше овие ракети од близина на две џамии во Рафах. Го напаѓа Израел од Рафах и таму ги држеше нашите заложници. Поради тоа спроведувавме прецизна операција“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.
Претставници на 38 земји одржаа состанок вчера во Брисел, повикувајќи на итен прекин на огнот во Појасот Газа и на решение со две држави. Мораме да направиме сè што е во наша моќ за да постигнеме итен крај на непријателствата, истакна шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел.
