САД
Моќна бура уништи стотици домови во централниот дел на САД, има жртви
27.05.2024 08:43
Десетици илјади жители останаа без струја...

Најмалку 13 луѓе загинаа по силната бура што ги зафати Тексас, Оклахома и Арканзас. Стотици домови се уништени во смртоносните временски услови кои ги погодија централниот дел на САД. Десетици илјади жители останаа без струја.
Според властите, непристапните патишта и паднатите далноводи ги затворија градовите.
