мвр
100 санкционирани возачи во Скопје
27.05.2024 08:47
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
