Македонија

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска

27.05.2024 10:03

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи денеска, во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот...

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи денеска, во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.

Ова е трета поетска збирка на авторката, чија книга е во издание на „Чудна шума“.

Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески.

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Тома Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов).

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.