ОФФ- Фест 2024 од 6-ти до 9-ти јуни
ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: БОМБИНО, еден од најреномираните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди БИ-СИ-ЈУ-СИ, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.
Дваесет и третото издание на нашиот најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на С. Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма.
ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: БОМБИНО, еден од најреномираните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди БИ-СИ-ЈУ-СИ, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо. Вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет БОИ АКИ, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група КУТУ, ветува беспрекорно фестивалско доживување. ВИСЕНТЕ АМИГО, најголемата ѕвезда на фестивалот, се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Последната вечер на ОФФ-Фест ќе биде во знакот на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет ВОЛОСИ со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем КАЛАТА, како и познатиот српски модерен етно колектив НЕЈКИД.
Во рамките на предфестивалската „програма плус“ ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Сезарија Евора” и „Агадез, музиката и отпорот“.