Турција
10 загинати и 39 повредени во верижна сообраќајна несреќа на автопат во Јужна Турција
27.05.2024 10:53
Најмалку 10 лица загинаа, а 39 лица се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила на автопат во јужна Турција...

Најмалку 10 лица загинаа, а 39 лица се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествуваа четири возила на автопат во јужна Турција.
Според властите несреќата се случила на автопатот во провинцијата Мерсин.
Во тек е истрага за расчистување на околностите поради кои дошло до судирот.
