Еден убиен и двајца повредени по синоќешната престрелка на „Пластичарска“ во Скопје
Еден убиен и двајца повредени по пукање кое синоќа се случило на булеварот „Никола Карев“, попознат како „Пластичарска“ улица, во Скопје. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Еден мртов, двајца тешко повредени во престрелка на „Пластичарска“ улица. Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник кој уште доцна синоќа им подлегнал на повредите. Братот на Амар ја потврди информацијата на социјалните мрежи. Инцидентот, како што велат од полицијата за МТВ, почнал со расправија, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Тројца млади момци биле пренесени во болница каде што Исмани им подлегнал на повредите.
Од Основното јавно обвинителство велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите од самото место а се преземаат и други дејствија“, информираат од ОЈО.
Пукањето на „Пластичарска“ било пријавено уште доцна синоќа околу 23.40 часот.
Мотивите за убиството, како што велат од МВР, сè уште не се познати и се работи на расчистување на случајот.
Борис Грујоски
