Здравство

Разрешен директорот на Кардиохирургија

27.05.2024 14:31

Директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, е разрешен од функцијата. Министерот за здравство Илир Демири рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини...

Директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Марјан Шокаровски, е разрешен од функцијата. Министерот за здравство Илир Демири рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини.

Според податоците што стигнале до него, како што рече, имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка Демири вели дека може да ја промени и вредноста на исходот.

Другата причина за разрешување на директорот, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Демири рече дека нов директор треба да биде експерт што ќе дојде однадвор.

Освен Шокаровски, Демири рече дека денеска ја разрешил и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваскуларни заболувања, Александра Ефтимова.

Тој објасни дека од Ефтимова побарал извештај кои се тие светски експерти за кои рече дека доаѓаат од Република Србија од центарот Дедиње, но бидејќи не го добил одлучил да ги разреши неа и Комисијата. Оваа програма е активна од 2011, а дневница на лекар од странство е 700 евра.