БиХ

Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на потпретседателот на Владата на БиХ

27.05.2024 15:39

До инцидентот дошло кога синот на Мијатовиќ се пожалил дека на игралиштето двајца мажи му ја украле топката, по што тој се упатил до кај нив и по кратка дискусија бил нападнат и претепан-тврди неговата сопруга...

37-годишниот Ѓорѓе Мијатовиќ, брат на потпретседателот на Владата на БиХ, Војин Мијатовиќ, почина во Белград откако бил претепан од двајца хулигани во детскиот парк во Вождовац-потврдија српските власти. До инцидентот дошло кога синот на Мијатовиќ се пожалил дека на игралиштето двајца мажи му ја украле топката, по што тој се упатил до кај нив и по кратка дискусија бил нападнат и претепан-тврди неговата сопруга.

Обдукцијата на телото на Мијатовиќ треба да потврди дали тој починал како последица на физичкиот напад.