Протест на земјоделците од Струмица, незадоволни од ниската откупна цена
Незадоволни од ниската откупна цена на доматите земјоделците ја блокираа Струмица. Побараа поголема контрола на откупувачите и увозот на домати во земјава од Албанија. Техничкиот заменик министер и потенцијален за земјоделство Цветан Трипувановски најави дека утре ќе разговара со откупувачите но и дека ќе се бори против зелената мафија...

Производителите на домати од струмичките населени места го блокираа центарот на градот со трактори. Побараа повисока откупна цена, но и стопирање на увозот на доматите кои во струмичко се откупуваат по 25 денари.
Земјоделците во струмичко ги посети техничкиот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Најави дека утре ќе има средба со откупувачите, да издејствува повисока цена, но најави дека ќе се бори како што кажа зелената мафија.
Во струмичко, само што почна бербата на доматите која е засадена на стотици хектари под пластеници.
Ване Трајков
