Хаварија ги затвори операциските сали на Клинички
По една недела молк, Министерството за здравство ја откри причината зошто не работат операциските сали на хируршките клиники. Се случила хаварија во компресорската станица. Сега, кислородната мрежа се проверува дел по дел, се чекаат и резултатите од германска лабораторија за изворот на непријатната миризба. Операциските сали нема да проработат до целосно решавање на проблемот, иако, ова прави голем метеж во ГОБ „8 Септември“ и во болницата „Свети Наум Охридски“. Министерот Демири има сомнеж за целиот случај.

По девет дена, министерот за здравство објасни што се случува во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Без да има хаварија се појавила лоша миризба во системот за воздух. Поради тоа се затворени хируршките сали и ќе бидат надвор од функција додека не стигнат резултатите од земените примероци од компресорите за кислород кои се испратени во Германија. Кога ќе стигнат резултатите не се знае. Што мириса лошо на Клинички истрага води и Обвинителството. Операции ќе нема, додека не се дознае причината.
Со 6 надворешни компресори на скопските клиники ќе се прават итни неодложни интервенции кои се од покомплициран карактер. Преостанатите ургентни пациенти, ќе се препраќаат во хируршката болница„ Св. Наум Охридски“ и „8 Септември“.
Според Демири, не е спорно хирурзите од клиника да оперираат во другите јавни здравствени установи.
Од службата за општи и заеднички работи која е надлежна за компресорот, министерот не побарал одговорност, дури денеска ќе ја извести Владата.
Наташа Јанчиќ-Менковски
