мвр
135 сообраќајни санкции во Скопје
28.05.2024 08:12
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
