Собрание

Закажана конститутивна седница на Собранието

28.05.2024 08:21

Како што е веќе познато, се очекува ВМРО-ДПМНЕ, за собраниски спикер да го предложи Африм Гаши од Алтернатива...

Закажана конститутивна седница во законодавниот дом. Како што е веќе познато, се очекува ВМРО-ДПМНЕ, за собраниски спикер да го предложи Африм Гаши од Алтернатива. Најпрво ќе се верификуваат мандатите на 119 нови пратеници, последниот пратеник на „Вреди“ од Желино ќе треба да чека потврда од ДИК. Седницата ќе ја води Коџаџику како најстара пратеничка.

По верификацијата, се очекува да се формира и Комисијата за избори и именувања од која ќе произлезе предлогот за собраниски спикер, а потоа и негов избор. По оставката на Африм Гаши од функцијата претседател на Алтернатива, според Статутот на партијата, со целосни овластувања ќе ја води Беким Сали.

Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, бидејќи е кандидат за претседател на Собранието.