САД

Расте бројот на жртви по серијата торнада во САД

28.05.2024 08:44

Илјадници домаќинства се без струја, а огромните материјални штети допрва ќе се утврдуваат...

Повеќе од 20 луѓе го загубија животот по серијата торнада што ги зафатија централните и јужните делови на САД. Тексас, Арканзас, Оклахома и Кентаки се соочуваат со сериозни последици од смртоносната бура. Властите прогласија вонредна состојба. Илјадници домаќинства се без струја, а огромните материјални штети допрва ќе се утврдуваат.

Метеоролозите алармираа дека невремето му се заканува на источниот брег.