Северна Кореја неуспешно лансира шпионски сателит
Северна Кореја неуспешно се обиде да испрати шпионски сателит во орбитата. Јужна Кореја објави видео за кое тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање на соседот...

Северна Кореја неуспешно се обиде да испрати шпионски сателит во орбитата. Јужна Кореја објави видео за кое тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање на соседот. Потегот на Пјонгјанг доаѓа во време на состанокот на Јужна Кореја, Кина и Јапонија во Сеул. Многу е невообичаено Северна Кореја да преземе провокативна акција кога Кина, нејзиниот главен сојузник, се занимава со дипломатија на високо ниво во регионот. Новата провокација беше осудена од Јужна Кореја, Јапонија и од САД.
„Дури и ако ова беше лансирање сателит, секое пукање од Северна Кореја користејќи ја нејзината технологија за балистички ракети, ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ООН. Тоа е сериозна загриженост што влијае на безбедноста на нашите луѓе“, изјави Минору Кихара, секретар за одбрана на Јапонија.
