Македонија

Регистриран земјотрес во Македонија

28.05.2024 11:47

Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер...

Утрово бил почувствуван земјотрес во Македонија. Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар земјотресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина.