Македонија

Куманово: Се чека потврда дека водата е безбедна за пиење

28.05.2024 13:23

Според информациите коишто ги добило јавното претпријатие „Водовод“ анализите покажуваат дека водата е квалитетна.

Водата во Куманово сè уште останува за техничка употреба, и е забранета за пиење. Според информациите коишто ги добило јавното претпријатие „Водовод“ анализите покажуваат дека водата е квалитетна. Но, безбедноста мора да ја потврди Агенцијата за храна и ветеринарство.

Елена Георгиевска известува од Куманово.