Економија

Дуалното образование станува се поатрактивно за македонската економија

28.05.2024 13:44

Дуалното образование станува се поатрактивно. Првичните ефекти се позитивни велат Германците, но за целосен успех потребни се многу напори, а пред сè промена на менталитетот на младите...

Германското дуално образование надеж за македонската економија, но и страв дека се повеќе работници ќе заминат во странство во потрага по добро платена работа. Првичните ефекти се позитивни велат Германците, но за целосен успех потребни се многу напори, а пред сè промена на менталитетот на младите.

Германската делегација од Франкфурт оствари средба со македонските факултети. Велат само преку добра соработка со домашните компании, може да се стигне до одлични резултати.

Од 1-ви јуни, стапува на сила третата фаза од германскиот закон, чија цел е привлекување странска квалификувана работна сила, а пред сè двојна квота на работници од регионот кои ќе можат полесно да се вработат во Германија.

Принципот на дуално образование се воведува во македонскиот систем со германска поддршка, а има цел да обезбеди квалификувани кадри во текот на образовниот процес.

Преку дуалното образование младите стекнуваат знаења и вештини потребни за пазарот на труд, а компаниите кадар што ќе одговори на новите предизвици.

 

Борис Грујоски