Голем пожар ја голта битолската фабрика за кекси „Виго 48“
Пожарот се појавил во 13 часот и 45 минути во близина на оџакот на приемното оделение. За окулу два часа огнената стихија голтна поголем дел од кровната конструкција и погоните на фабриката...

Од попладнево голем црн чад и пламени јазици се издигаат над фабриката за кекси „Виго 48“ кај битолчани позната како некогашен стар „Програс“. Пожарот се појавил во 13 часот и 45 минути во близина на оџакот на приемното оделение. За окулу два часа огнената стихија голтна поголем дел од кровната конструкција и погоните на фабриката.
„Како што гледате зафатен е поголем дел од фабриката. Првата смена беше веднаш евакуирана а втората беше вратена. Засега нема повредени, но постои голема материјална штета и опасност пожарот да не стигне до плинскиот резервоар“, вели Зоран Христовски, портир во фабриката.
Веднаш било пријавено во битолската противпожарна единица, но вработените велат дека првичната реакција била спора.
„Иако велеа да не се секираме дојдоа неподготвени. На едниот камион не му работеше агрегатот другите две не беа доволни да се спречи проширувањето на пожарот“, вели Зоран Јанкуловски вработен во фабриката.
Во моментов противпожарната единица дејствува со повеќе камиони и противпожарни екипи. Најважно е што досга нема повредени, но голема опасност претставува.
120 тонскиот плински резервоар што се наоѓа зад фабриката и во кој во моментов има окулу 30 тони плин.
Стевче Митревски
