Надал: Голема е веројатноста дека нема да се вратам на Ролан Гарос
Oсвојувачот на 14 титули на Ролан Гарос, Рафаел Надал, веќе е елиминиран во првото коло на најголемиот турнир на земја.

Oсвојувачот на 14 титули на Ролан Гарос, Рафаел Надал, веќе е елиминиран во првото коло на најголемиот турнир на земја. Изјави дека голема е веројатноста дека нема да се врати повторно на Ролан Гарос.
„Тешко ми е да кажам што носи иднината. Голема е веројатноста дека нема да се вратам овде на Ролан Гарос, но не е сосема сигурно. Сега ја чувствувам топката многу подобро отколку пред два месеци. За два месеци, можеби ќе кажам „доволно“, но сѐ уште го немам тоа чувство. Сакам да се вратам на Олимпијадата, тоа ќе биде добра шанса и се надевам дека ќе бидам подготвен за тоа. Направив прекрасни работи во текот на кариерата на овој терен, за кои ниту можев да замислам ниту да сонувам. Тоа беше прекрасен процес, спомени, секоја година беше различна, секоја година посебна. Сите што работат на Ролан Гарос, сите зад сцената, сите го направија тоа незаборавно. Потоа до моето семејство, тимот. Ви благодарам од се срце. Се надевам дека повторно ќе се видиме, но не знам“, изјави неодлучниот Надал.
