Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH за Европа, со мандат од 3 години...

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH за Европа, со мандат од 3 години. Реизборот на Бабовски на позицијата генерален секретар на WOAH за Европа се изврши во рамки на 91 Генерално Собрание на Делегати на оваа светски реномирана организација посветена на заштитата на здравјето, благосостојбата на животните и ветеринарните услуги, која годинава одбележува 100 години од основањето и која повторно ја препозна и награди посветеноста на државава, на Агенцијата за храна и ветеринарство и лично на директорот на АХВ Бабовски во креирањето и имплементирањето на високи стандарди во ветеринарната политика.
Со реизборот на Бабовски на оваа позиција во WOAH, државава, преку Агенцијата добива нова можност за директно учество во креирањето на глобалните светски полити во областа на здравствената заштита на животните и јакнење на регионалната позицијата на координатор и иницијатор на соработката на ова поле во регионот.
