Алжир со Нацрт-предлог до Советот за безбедност на ООН за ставање крај на убиствата во Газа
Палестинците бегаат од Рафах додека израелските тенкови стигнаа до центарот на градот...

Саудијците го обвинуваат Израел за „континуирани геноцидни масакри“ додека обидот за нормализација опаѓа. Алжир со Нацрт-предлог до Советот за безбедност на ООН за ставање крај на убиствата во Газа и безусловно ослободување на заложниците. Палестинците бегаат од Рафах додека израелските тенкови стигнаа до центарот на градот.
„Изутрина ново бомбардирање не пресретна на патот, трчавме ваму-таму, не знаејќи каде да одиме поради бомбите над нашите глави, дури и амбулантни возила и УНРВ беа евакуирани“, изјави Хеба Слим, раселена Палестинка.
УНИЦЕФ продолжува да повикува на итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и крај на бесмисленото убивање на децата.
