Гори на фронтот во Украина, нападите продолжуваат
Во Харков се гаснат 18 шумски пожари по ракетните напади. Киев тврди, Москва се подготвува за нова офанзива...

На украинскиот фронт гори. Жртви и повредени во руското гранатирање врз Торецк. Во Харков се гаснат 18 шумски пожари по ракетните напади. Киев тврди, Москва се подготвува за нова офанзива. На Украина и потребна итна поддршка-вели првиот човек на НАТО. Кремљ објави дека Алијансата е во директен конфликт со Москва, а со својата реторика го продлабочува конфликтот.
„Украина, според меѓународното право, има право да се брани, а тоа вклучува и напади врз цели надвор од Украина. Ова е особено важно затоа што најтешките борби сега се водат во регионот Харков, близу до украинско-руската граница“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
„Претставниците на земјите-членки на НАТО, особено во Европа, особено во малите земји, треба да бидат свесни со што си играат“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Зеленски ја заокружи европската турнеја со потпишувањето на безбедносниот договор со Лисабон, откако претходно успеа да договори белгиска и шпанска помош за Киев.
