Во Грузија нови протести и повик за референдум
Претседателката Зурабишвили има пет дена да го поддржи Нацрт-законот, или во спротивно, собранискиот спикер ќе го потпише како Закон...

Илјадници Грузијци повторно излегоа на улиците во Тбилиси откако парламентот го отфрли претседателското вето на законот за странски агенти. Претседателката Зурабишвили има пет дена да го поддржи Нацрт-законот, или во спротивно, собранискиот спикер ќе го потпише како Закон. Таа ги повика демонстрантите на референдум, обвинувајќи ја владејачката партија дека ја загрозува иднината на земјата и го попречува патот кон ЕУ.
„Ајде да се зафатиме со работата што ни претстои, а која вклучува подготовки за вистински референдум. Искористете ја енергијата што ја чувствувате денес за да соберете потписи. Донесете ми ги тие потписи и јас ќе го потпишам овој референдум-дали сакаме европска иднина, или сакаме руско ропство, ние ќе одлучуваме заедно“, изјави Саломе Зурабишвили, претседателка на Грузија.
