Србија
Директен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден загинат и голем број повредени
29.05.2024 09:24
Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди...

Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.
Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.
Несреќата се случила во 5 часот и 40 минути на приодниот пат кој води од Младеновац кон автопатот и клучката Мали Пожаревац. Во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.
Повредените со брза помош и приватни автомобили се пренесени во Ургентниот центар.
Истрагата е во тек.
