Центарот за управување со кризи

ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство

29.05.2024 10:13

Во последното деноноќие, ЦУК примил 1.446 повици на бројот 112, од кои 57,47% биле реални, а останатите за други потреби. Од реалните повици, 55,17% биле за полиција, 35,96% за итна медицинска помош, а 13,94% за пожарникари...

Во последното деноноќие, ЦУК примил 1.446 повици на бројот 112, од кои 57,47% биле реални, а останатите за други потреби. Од реалните повици, 55,17% биле за полиција, 35,96% за итна медицинска помош, а 13,94% за пожарникари.

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало два пожара на отворено.

Пожарникарите од Струмица од 13:30 до 15:30 часот гаснеле запалено ѓубре во с. Баница со пет пожарникари и едно возило.

Од „Национални шуми“ известија дека пожарот кај с. Коџлија, започнат на 27 мај во 18:30 часот, е изгаснат вчера во 08:00 часот. Изгореле два хектара дабова шума.

Во Тетово, преку 112, е пријавено неексплодирано убојно средство во Гостивар. Местото е обезбедено и убојното средство ќе се подигне безбедно во текот на денешниот ден.

ЦУК апелира до граѓаните ако најдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, да не ги фаќаат, туку да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и неутрализираат, посочуваат од ЦУК.