САД – Германија, мирољубиво или “на нож“ за прво место
Мечот меѓу водечките селекции во “Г“ групата за многумина е чиста формалност, при што и Германија и САД нема премногу да ризикуваат. Математиката е јасна, доколку двата ривала освојат по бод, во пакет ќе одат во осминафиналето. Во тој случај, сосема небитен ќе биде исходот од мечот кој паралелно ќе го играат Гана и Португалија. Доколку пак Германија победи со два разлика, се отвораат опциите за африканците, кои со минимален триумф над Португалија ќе го приграбат второто место.

Мечот меѓу водечките селекции во “Г“ групата за многумина е чиста формалност, при што и Германија и САД нема премногу да ризикуваат. Математиката е јасна, доколку двата ривала освојат по бод, во пакет ќе одат во осминафиналето. Во тој случај, сосема небитен ќе биде исходот од мечот кој паралелно ќе го играат Гана и Португалија. Доколку пак Германија победи со два разлика, се отвораат опциите за африканците, кои со минимален триумф над Португалија ќе го приграбат второто место. Роналдо и дружината би биле таму со енормно висока победа од најмалку четири гола над Гана, што не е неизводливо.
Иако во светот на фудбалот имаат дијаметрално различни позиции, многу поединости ги врзуваат селекциите на Германија и на САД. Пред се селекторот на Американците Јирген Клинсман, кој со Германија труимфира на С П 1990 година, на мундијалите одигра 17 мечеви зачинети со 11 погодоци, а вкупно во репрезентативната кариера постигна 47 голови во 108 настапи. Беше селектор на Германците на домашниот мундијал пред 8 години, а на клупата негов асистент му беше актуелниот Јоаким Лев. Но, и покрај блиските релации меѓу нив, и двајцата одрекуваат дека ќе играат мирољубиво и најавуваат борба за првото место и избегнување на Белгија во нокаут фазата. Покрај Клинсман, уште петмина американски фудбалери ќе ги чувствуваат двете химни како свои при нивното интонирање. Можеби најмногу Џермејн Џонс кој вети дека нема да се радува доколку постигне гол како против Португалија. Тој одигра и три пријателски натпревари за Германија во 2008 година, пред да заигра официјално за САД.
Во минатото Германците секогаш постигнувале најмалку гол во сите од 12 меѓусебни средби, во кои имаат 9 победи и 3 порази. Американците победија со 4 : 3 минатата година на пријателскиот меч, а најдобра најава за ефикасна игра се 19 гола на последните 4 пресметки, речиси по 5 просечно. На С П во двата дуела се радуваше Германија, во 1998 со 2 : 0 кога Клинсман го постигна вториот гол, и 2002 во четвртфиналето со 1 : 0. Фудбалскиот свет сеуште се сеќава на “срамот од Хихон“ кога во 1982 во истата фаза тогашната Западна Германија ја совлада Австрија со 1 : 0, резултат кој им одговараше на двете земји и ги одведе во следната фаза. Ако тој резил не можат да го избришат, барем можат вечерва да се потрудат истото да не им се повтори.
