свет

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре во Јужна Кореја

29.05.2024 11:58

Војската на Јужна Кореја го осуди овој чин како јасно кршење на меѓународното право, предупредувајќи ги своите жители да останат во домовите и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив бидејќи содржат „гнасен отпад и ѓубре“...

Северна Кореја пушти 90 балони преку границата со јужниот сосед полни со пропагандни летоци и ѓубре. Војската на Јужна Кореја го осуди овој чин како јасно кршење на меѓународното право, предупредувајќи ги своите жители да останат во домовите и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив бидејќи содржат „гнасен отпад и ѓубре“. Инцидентот се случува неколку дена откако Пјонгјанг соопшти дека ќе возврати на честото ширење летоци и друго ѓубре во пограничните области од активистите на југот.

„Тие од прва рака ќе искусат колку напор е потребен за да се отстрани сметот“-рекоа властите на Пјонганг.